УЧЕТЕ ГО ЈАЗИКОТ НА ДРУГИОТ
ПОВИК ЗА
БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО МАКЕДОНСКИ, АЛБАНСКИ И ТУРСКИ ЈАЗИК
ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ

Во рамките на проектот „Изучување на јазиците на другиот / активни студенти за општествена кохезија“, поддржан од Фондацијата Oтворено општество Македонија,
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ објавува отворен повик за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои се заинтересирани за изучување на албанскиот, турскиот или на македонскиот јазик.
Заинтересираните студенти ќе бидат во можност да посетуваат БЕСПЛАТНИ семестрални забрзани курсеви по албански, турски или македонски јазик и да се здобијат со соодветен СЕРТИФИКАТ за познавањето на соодветните јазици на крајот од летниот семестар 2019 година.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе обезбеди врвни професори/експерти за изучување на овие три јазици, како и соодветни материјали и прирачници за наставата.
Наставата ќе се изведува во попладневните часови во текот на работната недела во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Основна цел на овој проект е поттикнување и унапредување на јазичните компетенциина студентите и поттикнување на мултилингвалноста како пат кон разбирање и вреднување на јазичните, етничките и културните различности во Република Македонија.
Адреса за пријавување: jazikmat@gmail.com
Краен рок за пријавување: 18 февруари 2019 г.

Пријава за изучување на македонскиот јазик

Пријава за изучување на албанскиот јазик

Пријава за изучување на турскиот јазик

Повик за бесплатни курсеви по македонски, албански и турски јазик за студентите на УКИМ