Пријавувањето се врши со пополнување на специјалниот Формулар за пријавување и со уплаќање на предвидената сума на жиро­сметката на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конескиˮ, Скопје. За подетални информации обратете се во Деканатот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје или кај раководителот на Цетис Мак, проф. д­р Лидија Аризанковска на larizankovska@yahoo.com.

Лицата коишто сакаат да го полагаат тестот треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да имаат навршено 18 години;

– да го познаваат кириличното писмо;

– да носат со себе документ за лична идентификација на денот на тестирањето.