Thursday, March 23, 2017   
 

 

 

Филолошки факултет “Блаже Конески” - Скопје

предмет: општа лингвистика

предметен наставник: д-р Димитар Пандев, редовен професор

 

ПРВ КОЛОКВИУМ ПО ОПШТА ЛИНГВИСТИКА  (ноември 2009)

 

Литература:

Основна литература:

дел: “Наука за јазикот” од “Македонски јазик” или “Општа граматика на македонскиот јазик” (С. Бојковска, Л. М. Ѓуркова, Д. Пандев, Ж. Цветковски, Просветно дело, Скопје 2008)

Димитар Пандев: Основни поими на науката за јазикот (скрипта)

Димитар Пандев, Говорење и пишување (вештини), Просветно дело, Скопје 2009

Дополнителна литература:

Ф. де Сосир, “Општа лингвистика”: поглавја: “Предмет на лингвистиката”, “Природата на јазичниот знак”

Л. Блумфилд, Јазик: поглавје:”Употреба на јазикот”

 

Предуслов за прв колоквиум:Тест-прашања од предавања.

 

Обврски за прв колоквиум:

Основна обврска: список од триесет прашања од предавања (по сопствен ибор, во писмена форма).

 

Дополнителни обврски (по избор):

1. Писмена или усна презентација на зададено прашање врз основа на прочитана и

цитирана литература (еден до три извори) од темата:

                        Лингвистиката и другите науки или учења

 

2. Издвојување (ексцерпција) и коментар на контексти од текстови од различна форма (говорена, пишувана, електронска, како и од интернет) и со различна содржина во кои се јавуваат (најмалку еден од) клучните термини на науката за јазикот:

лингвистика, филологија, семиотика, јазик, говор, јазична дејност (текст/дискурс); систем, контекст, структура, фонетика, фонологија, морфологија, синтакса, семантика, комуникација (општење), знак, синхронија, дијахронија, парадигма(тика), синтагма(тика), инваријантност, варијантност, функција, релација, прагматика, когнитологија (когниција), културологија (култура) и други.

 

3. Есеј на тема: 

Значењето на “Кружниот пат на говорот” и/или на “Чинот на говор во најпрости услови” за општата лингвистика

Општата лингвистика и другите науки што се предмет на интерес на “Кружниот пат на говорот” и/или на “чинот на говор во најпрости услови”

 

4. Презентација и интерпретација на литература (од печатена и рецензирана книга, како и од интернет).

(Писмена или усна презентација или интерпретација на една до три статии по сопствен избор од општата лингвистика.)

 

Основни форми на одговарање: презентација, коментар, есеј, интерпретација.

Дополнителни форми на одговарање: активно присуство и дискусија.