Thursday, March 30, 2017   
 

 

 

општи информации  
Во состав на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, опстојува и работи Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, јавна високообразовна установа која врши високообразовна, научно-истражу­вачка, применувачка и друга дејност од областа на филолошките науки (науката за јазикот, литературата и дидактиката).
 
Студиите на Филолошкиот факултет траат 4 (четири) години. Наставно-научната работа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е организирана и се изведува преку десет катедри и тоа:
- Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици,
- Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности,
- Катедра англиски јазик и книжевност,
- Катедра за германски јазик и книжевност,
- Катедра за романски јазици и книжевности,
- Катедра за албански јазик и книжевност,
- Катедра за турски јазик и книжевност,
- Катедра за славистика,
- Катедра за општа и компаративна книжевност,
- Катедра за преведување и толкување.