Резултати од тестот по македонски јазик како странски одржан на 04.06.2018 г.

Сертификатите може да се подигнат од 7.06.2018 г. во Деканатот на Филолошкиот факултет.


ИСПИТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК (ТЕМАК)

СООПШТЕНИЕ
за странските државјани заинтересирани за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Писмениот дел од тестот за познавање на македонскиот јазик како странски јазик – ТЕМАК ќе се изведе на 04.06.2018 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во просторијата А2 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Заинтересираните кандидати кои следеле настава два семестра во уч. 2017/2018 година треба да уплатат 2000 денари на жиро-сметка на Факултетот, кандидатите што не следеле настава треба да уплатат 80 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка на денот на уплатата, а оние што следеле настава само еден семестар имаат 20% попуст, односно треба да уплатат 64 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка  (прилог: уплатница).

Рокот за пријавување и уплата за испитот е до 30.05.2018.

Пополнетата пријава испратете ја на адреса: larizankovska@yahoo.com

НАПОМЕНА: На денот на испитот пријавените кандидати се должни да носат со себе документ за лична идентификација (пасош или лична карта), копија од уплатницата и пополнета пријава.

 

Тестот по македонски јазик како странски јазик – ТЕМАК се изведува на почетно, средно и напреднато рамниште.

 им е наменет на говорителите на кои македонскиот им е странски јазик, а кои сакаат да се здобијат со официјален сертификат за степенот на познавање на македонскиот јазик.

е оформен во согласност со стандардите претставени во Заедничката европска рамка за референтност на јазиците поставена од Советот на Европа во 2001 година. Во таа рамка ТЕМАК за почетно рамниште најблиску му соодветствува на рамништето А1, Темак за средно рамниште најблиску му соодветствува на рамништето Б1, а ТЕМАК за напреднато рамниште најблиску му соодветствува на рамништето Ц1. Положувањето на овој тест му овозможува на кандидатот да добие релевантен документ кој го определува степенот на неговото јазично знаење и официјално го сертифицира.

ТЕМАК опфаќа тестирање на општите јазични познавања на кандидатот во контекст на сите четири јазични вештини, и тоа:
– слушање (разбирање на говорен текст);
– читање (разбирање на пишан текст);
– пишување;
– зборување.