Втор циклус – постдипломски студии: испитна сесија

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 9.1.2019 г. до 11.1.2019 г. година, со следниве документи:
– Индекс;
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
– образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари.
Студентите се должни претходно да ги имаат пријавено испитите во нивниот I-know профил

II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Полагањето на испити во зимскиот испитен рок ќе се реализира во периодот од 15.1.2019 г. до 29.1.2019 г.

III. УПИС НА ЛЕТНИОТ И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИOT СЕМЕСТАР

По завршувањето на испитната сесија уписот ќе се реализира од 11.2.2019 г. до 14.2.2019 г. со следниве документи:
– Индекс;
– образец за упис на семестар со уплатница за рата и уплатница од 50,00 денари за административна такса
– образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса.

Почеток

12:00 AM

петок, декември 21, 2018

Крај

12:00 AM

петок, јануари 11, 2019

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот