Гостувања во рамките на програмата Еразмус+

Ве известуваме дека од 16.04.-19.04.2018 г. на Катедрата за славистика ќе гостуваат професорките Малгожата Вујќик-Дудек и Агњешка Пјела од Шлезискиот Универзитет во Полска, во рамките на програмата Еразмус +. Тие ќе одржат циклус предавања од областа на Полската книжевност (Периодот на „Млада Полска“) и на Полскиот јазик (полска флексија, полска конјугација, лексички, фразеолошки и стилски вежби), за студентите по полски јазик и книжевност и за сите други кои се заинтересирани за оваа тематика. Предавањата ќе бидат на полски јазик. Предавањата ќе се одржуваат секој ден од 9.40 до 13.00 ч. во просториите на Катедрата за славистика.

Почеток

9:00 AM

среда, април 4, 2018

Крај

1:00 PM

среда, април 18, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот