Гостување во рамките на програмата Еразмус+

Почитувани,
Ве информираме дека проф. д-р Ѓурѓа Стрсоглавец од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана којашто гостува на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, преку европската меѓународна програма за размена на наставници и студенти Еразмус+, на 8.5.2018 г. (вторник) со почеток во 13:00 ч., во просторијата Темпус, ќе одржи предавање на тема: „Сакаш нејќеш, мораш! (Hočeš nočeš, moraš!)“.
Предавањето ќе биде на словенечки и на македонски јазик.
Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето.

 

Почеток

12:00 AM

понеделник, мај 7, 2018

Крај

1:00 PM

вторник, мај 8, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот