Интензивната настава по француски јазик за почетници

 

 

Учете француски јазик!

За сите студенти и идни студенти на УКИМ

Интензивна настава по француски јазик за почетници

——–

Интензивната настава по француски јазик за почетници  е наменета за сите сегашни и идни студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кои имаат желба да стекнат основни познавања за францускиот јазик независно од факултетот на кој студираат или студиската година на која се запишани.

Оваа настава им се препорачува на студентите кои ќе одберат да студираат француски јазик (почетен курс) на групата за француски јазик и книжевност при Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Наставата ќе ја одржуваат професори од Групата за француски јазик и книжевност во просториите на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ Скопје.

Почеток на наставата:   20 септември 2018 г. во 09.30ч во Библиотеката за романски јазици и книжевности.

Можност за договор со професорите околу распоредот на наставата.

Минимален број на кандидати за оформување група е 3.

Пријавување на кандидатите и подетални информации за наставата и за уплатата: секој работен ден од 11 септември до 19 септември 2018г. од 09.30 – 13.00 ч. во Библиотеката за романски јазици и книжевности или на телефон 3240-450.

Почеток

12:00 AM

вторник, септември 11, 2018

Крај

12:00 AM

четврток, септември 20, 2018

Адреса

bul. Goce Delchev 9a, 1000, Skopje

Учесници на настанот