ИСПИТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК (ТЕМАК)

СООПШТЕНИЕ
за странските државјани заинтересирани за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Писмениот дел од тестот за познавање на македонскиот јазик како странски јазик – ТЕМАК ќе се изведе на 11.9.2018 година (вторник) со почеток во 10:00 часот во просторијата А2 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Заинтересираните кандидати кои следеле настава два семестра во уч. 2017/2018 година треба да уплатат 2000 денари на жиро-сметка на Факултетот, кандидатите што не следеле настава треба да уплатат 80 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка на денот на уплатата, а оние што следеле настава само еден семестар имаат 20% попуст, односно треба да уплатат 64 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка  (прилог: уплатница).

Рокот за пријавување и уплата за испитот е до 9.9.2018.

Пополнетата пријава испратете ја на адреса: larizankovska@yahoo.com

НАПОМЕНА: На денот на испитот пријавените кандидати се должни да носат со себе документ за лична идентификација (пасош или лична карта), копија од уплатницата и пополнета пријава.

Почеток

12:00 AM

четврток, август 30, 2018

Крај

1:00 PM

вторник, септември 11, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот