ИСПИТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК (ТЕМАК)

СООПШТЕНИЕ

за странските државјани заинтересирани за студирање на

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Писмениот дел од тестот за познавање на македонскиот јазик како странски јазик – ТЕМАК ќе се изведе на 13.06.2019 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во просторијата А2 при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Заинтересираните кандидати треба да уплатат 80 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка на денот на уплатата на жиро-сметка на Факултетот. Кандидати кои следеле настава два семестра во уч. 2018/2019 година имаат попуст од 20% на наведениот износ, односно треба да уплатат 64 EUR, а оние што следеле настава само еден семестар имаат 10% попуст, односно треба да уплатат 72 EUR во денарска противвредност според курсот на Народна банка (прилог: уплатница).

Рокот за пријавување и уплата за испитот е до 10.06.2019.

Пополнетата пријава испратете ја на адреса: larizankovska@yahoo.com

НАПОМЕНА: На денот на испитот пријавените кандидати се должни да носат со себе документ за лична идентификација (пасош или лична карта), копија од уплатницата и пополнета пријава.

Почеток

12:00 AM

среда, мај 22, 2019

Крај

12:00 AM

четврток, јуни 13, 2019

Учесници на настанот