Конкурс за наградата „Блаже Конески“, есеј на тема (една тема, по избор)

Филолошки факултет „Блаже Конески“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
КОНКУРС
за наградата „Блаже Конески“,
есеј на тема (една тема, по избор)
 

  1. Поетскиот пат на Блаже Конески (70 години од Земјата и љубовта)
  2. Од автобиографски записи до песни во проза: Дневник по многу години на Блаже Конески
  3. Читам, значи постојам! Книгата во дигиталнава доба
  4. „Тагни ме да не те дилитнам“ (нови тенденции во јазикот)
  5. Слободна тема

 
На Конкурсот имаат право да учествуваат сите студенти на Филолошкиот факултет запишани на прв циклус студии.
Трудовите треба да бидат во форма на есеј, отпечатен до 10 (десет) компјутерски страници, со големина на буквите 12 и проред 1,5 (28-30 реда на страница).
Трудовите треба да се достават во 4 (четири) идентични примероци целосно анонимни, под шифра, од кои 3 (три) во затворен плик треба да се предадат во Архивата на Факултетот, а авторството се докажува со четвртиот примерок.
Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик со кирилично писмо.

КОНКУРСОТ ТРАЕ ДО 30 НОЕМВРИ 2018 ГОДИНА

Жирито ќе ги додели следните награди:
– Прва награда во износ од 12.000 денари
– Втора награда во износ од 8.000 денари
– Трета награда во износ од 6.000 денари

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 11 декември 2018 година, на огласната табла и на веб страната на Факултетот, а наградите ќе бидат врачени при одбележувањето на патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

ОД КОНКУРСНАТА КОМИСИЈА

Почеток

12:00 AM

среда, октомври 31, 2018

Крај

4:00 PM

петок, ноември 30, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот