Курс по корејски јазик за сите заинтересирани

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје организира курс по корејски јазик (почетен степен – Beginner 1 и продолжителен курс – Beginner 2, за оние кои имаат основно познавање) за сите заинтересирани.

Покрај изучувањето на јазикот, кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со корејската култура, цивилизација и храна.

Наставата ќе се одвива со посредство на македонскиот јазик, а ќе ја одржува проф. Петра Канг, лектор од Кореја.

Заб.: Заинтересираните кандидати да достават свои податоци (име, презиме, контакт-телефон) и копија од уплатницата (в. подолу) на следната адреса: dekanat@flf.ukim.edu.mk.

ПОЧЕТОК НА КУРСОТ: 22 септември 2018 година (сабота)

ВРЕМЕТРАЊЕ НА КУРСОТ: 10 ПРЕДАВАЊА x 135 минути

ПЕРИОД:
почетен степен – Beginner 1
22.9 – 24.11 (3 месеци) || 11:00 – 13:15 ч || секоја сабота || Амфитеатар 1

продолжителен курс – Beginner 2
22.9 – 24.11 (3 месеци) || 13:30- 15:45 ч || секоја сабота || Амфитеатар 1

ДОПОЛНИТЕЛНА АКТИВНОСТ: На 1.12.2018 г. ќе се организира ден на корејската кујна и на корејската традиционална игра!

НАСТАВНИК: проф. Петра Канг (071257148; mkpetrakang70@gmail.com)

ЦЕНА: 6.000 денари

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 21 септември 2018 г.

АДРЕСА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: dekanat@flf.ukim.edu.mk

ЖИРО-СМЕТКА:
Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“
Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра: 723012 Програма 41
Цел на дознака: за курс по корејски јазик

Повеќе информации на: https://www.facebook.com/events/2205564606391063/ 

Почеток

12:00 AM

среда, септември 5, 2018

Крај

11:00 AM

сабота, септември 22, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот