ПОКАНА ЗА СОРАБОТКА ЗА СПИСАНИЕТО СЛАВИСТИЧКИ СТУДИИ бр. 19 и бр. 20
Редакцијата на сп. Славистички студии донесе одлука да почне постапка за прибирање на трудови од областа на јазикот, литературата и културата за Славистички студии број 19 посветен на проф. д-р Максим Каранфиловски, по повод неговата 70 годишнина и Славистички студии број 20 посветен на проф. д-р Димитрија Ристески, по повод неговата 70 годишнина. Со овие два броја, 19 и 20, на нашето списание Славистички студии, сакаме да го збогатиме чествувањето на јубилеите на нашите колеги, долгогодишни професори на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ценети русисти, слависти и педагози, за коишто истава календарска година, 2018, е јубиларна.
Повеќе информации можете да најдете ТУКА.