СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ за завршени студии од прв и втор циклус

Почитувани,
Ве известуваме дека на 22 јуни 2018 г. во 12:00 ч. во Големиот амфитеатар на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на магистрантите кои се стекнале со академски степен магистер и на студентите кои дипломирале на прв циклус (додипломски) студии на Факултетот.
По тој повод Ве покануваме да присуствувате на свеченоста, која ќе се одвива по следниот протокол:
– Ве молиме да дојдете еден час порано (во 11.00 ч.) за да добиете свечени одори. При подигањето на одората потребно е да приложите документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
– Вашето присуство е задолжително за целото времетраење на свеченоста;
– Веднаш по врачувањето на дипломата се потпишувате во главната книга на дипломирани студенти на самото место;
– На свеченоста во амфитеатарот може да Ве придружуваат најмногу двајца возрасни.
Напоменуваме дека сите трошоци по повод тој ден (патни и други трошоци) се Ваша обврска.

Со особена почит,
Д Е К А Н
на Филолошкиот факултет
проф. д-р Анета Дучевска

Листа за промоција на 22 јуни 2018 г.

Почеток

12:00 AM

понеделник, јуни 11, 2018

Крај

12:00 PM

петок, јуни 22, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот