СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ за завршени студии од прв и втор циклус

Почитувани,

Ве известуваме дека на 30 март 2018 година во 12:30 во Големиот амфитеатар на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на магистрантите кои се стекнале со академски степен магистер и на студентите кои дипломирале на прв циклус (додипломски) студии на Факултетот.
По тој повод Ве покануваме да присуствувате на свеченоста, која ќе се одвива по следниот протокол:
– Ве молиме да дојдете еден час порано (11.30 часот) за да добиете свечени одори. При подигањето на одората потребно е да приложите документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
– Вашето присуство е задолжително за целото времетраење на свеченоста;
– Веднаш по врачувањето на дипломата се потпишувате во главната книга на дипломирани студенти на самото место;
– На свеченоста во амфитеатарот може да Ве придружуваат најмногу двајца возрасни.

Напоменуваме дека сите трошоци по повод тој ден (патни и други трошоци) се Ваша обврска.

Со особена почит,
Декан на Филолошкиот факултет
проф. д-р Анета Дучевска

Почеток

11:00 AM

четврток, март 22, 2018

Крај

2:00 PM

петок, март 30, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот