СОВРЕМЕНА ФИЛОЛОГИЈА – Journal of Contemporary Philology

Почитувани колеги,

Со големо задоволство ве известуваме дека новиот број на меѓународното електронско списание на Филолошкиот факултет Современа филологија (Journal of Contemporary Philology) е публикуван и достапен нa https://journals.ukim.mk/index.php/jcp

Во подготовка е следниот број кој ќе излезе во јуни 2019. Рокот за испраќање на трудовите е 01.02.2019. Трудовите примени по овој рок ќе бидат планирани за следниот број кој ќе излезе во декември 2019. Трудот треба да е напишан/технички обработен според инструкциите во техничкото упатство за автори (во прилог). Трудот се испраќа на sovremena.filologija@flf.ukim.edu.mk

Ве молиме да ја споделите оваа информација до сите колеги кои се заинтересирани да ги публикуваат своите научни истражувања во Современа филологија. Исто така, доколку имате профил на некој социјален медиум, ве молиме да го споделите линкот до пошироката јавност.

Срдечен поздрав,
Редакцијата на Современа филологија

 

Техничка подготовка на статијата: упатство за авторите

 

Почеток

12:00 AM

сабота, јануари 12, 2019

Крај

11:00 PM

петок, февруари 1, 2019

Учесници на настанот