Трет циклус – докторски студии: упис на зимски семестар за уч. 2018/2019 г.

Соопштение за студентите кои студираат на трет циклус студии според ЕКТС

1. Упис на зимски семестар за уч. 2018/2019 година

Уписот за студентите на трет циклус студии ќе се реализира во периодот од 24.09.2018 до 28.09.2018 година, со следниве документи:
– Индекс;
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
– Уплата на рата (за студентите кои имаат трошоци) на сметка на Филолошки факултет Скопје
пп-50 уплатница
– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филолошки факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10; приходна шифра: 723019 и програма: 41

Студентите кои не доставиле извештај (за уч. 2017/2018 година) потребно е заедно со документите за запишување да достават:
– за запишување во III семестар – извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 14 ЕКТС од II семестар,
– за запишување во IV семестар да има претходно доставено извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 28 ЕКТС од III семестар
– за запишување во V семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 25 ЕКТС од IV семестар ,
– за запишување во VI семестар – извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 28 ЕКТС од V семестар.

Почеток

12:00 AM

среда, септември 26, 2018

Крај

4:00 PM

петок, септември 28, 2018

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот