Катедрата за германски јазик и книжевност, која ја започна својата дејност во 1958 година, се состои од шест члена: проф. д-р Емилија Бојковска, проф. д-р Зорица Николовска, проф. д-р Силвана Симоска, проф. д-р Емина Авдиќ, доц. д-р Бисера Станкова и виш лектор м-р Маријана Ѓорѓиева, кои ја покриваат целата настава врзана за германскиот јазик на првиот циклус студии, на вториот циклус студии и на третиот циклус студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Библиотекар е Зоран Симоски. Според бројот на студентите, Катедрата го зазема второто место на Факултетот. Активно соработува со Германската служба за академска размена (DAAD), со Гете-институтот во Скопје, со амбасадите на германскојазичните земји итн.

Значајни достигнувања на Катедрата, меѓу другото, се издавањето на првото германистички профилирано списание Germano-Macedonica (од 2001) и Големиот македонско-германски и германско-македонски речник (2006).

Голем придонес во развојот на Катедрата дадоа проф. д-р Душан Томовски (in memoriam) и проф. м-р Димитрија Гацов (in memoriam), како и  пензионираните наставници проф. д-р Ранка Грчева, проф. д-р Петер Рау, проф. д-р Павел Борисевич, Олга Воиновска, Николина Кереместева, Клаудија Јорданова, Марина Нишлиска  и др.