Во периодот до 1974 година, кога Факултетот е во состав на Филозофскиот факултет, издадени се 42 тома на Годишниот зборник во кои се објавени бројни и забележливи трудови од областа на филологијата. Посебно место има едицијата посебни изданија со своите седум тома во кои се објавени повеќе монографии и повеќе трудови на наставници и соработници на Факултетот. Издадени се и две книшки од серијата Материјали, како и седум книшки од серијата Дипломски работи со трудови од областа на македонската дијалектологија и современиот македонски литературен јазик. Овие трудови имаат посебно значење како пионерски трудови на македонската филологија.

Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици во периодот од 1950 – 1953 година го основа и го издава месечниот билтен „Македонски јазик”, кој од 1954 година прераснува во списание што понатаму го издава Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

Катедрата за источнословенски и западнословенски јазици и книжевности од 1976 година до денес издаде 17 броја од списанието од списанието „Славистички студии”.

Филолошкиот факултет поседува и своја издавачка дејност. Покрај издавањето учебници за потребите на наставата, разни информативни и прирачни книги за студентите, се издаваат и низа монографски трудови од разни области на филолошките науки, речници и други лексикографски трудови.

Во целина земено, Филолошкиот факултет веќе има низа изданија со кои зазема значајно место во издавањето научни трудови во РМ и во светот, а има добра перспектива таквата дејност уште повеќе да се развива и на научен и на практичен план.

УЧЕБНИЦИ И ПРИРАЧНИЦИ

ЗБОРНИЦИ