Erasmus+


Од своето постоење до денес Факултетот има остварено обемна и значајна меѓународна соработка преку склучување на меѓууниверзитетски договори, а меѓу позначајните се: Воронешкиот државен универзитет, Московскиот државен универзитет, Универзитетот Нова Сорбона Париз III, Карловиот универзитет во Прага, Универзитетот “Мартин Лутер ” во Хале, Универзитетот во Љубљана, Варшавскиот Универзитет, Универзитетите во Белград, Загреб и други.

Со склучените меѓународни договори постигнати се договори за образовна, научна и културна соработка, за изработка на заеднички научноистражувачки проекти и теми, размена на визитинг професори, размена на студенти и постдипломци, организирање заеднички научни конференции, размена на специјалисти, учество на заеднички научни проекти, размена на публикации, книги, научна литература и сл.