Мисија

Мисијата на Филолошкиот факултет е да подготвува стручњаци од областа на филолошките науки; да организира и да развива научна и истражувачка дејност да се грижи за издигнување на наставен и научен подмладок и да организира разни форми на научно и стручно образование; да издава учебници, други учебни помагала, публикации, научни и стручни книги и др.; да работи на издигнување и усовршување на постојните кадри во соработка со други установи и институции; да организира и да учестува на симпозиуми, научни собири и други научни активности; да соработува со сродни наставно-научни институции во земјата и во странство со цел да се организира и упредува наставната и научната дејност на дисциплините што се изучуваат на Факултетот; организира и други форми на наставна и научна работа во рамките на други меѓународни програми и да изведува настава по странски јазици и по македонски јазик на факултетите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како матичен Факултет за овој вид настава.

Визија

Визијата на Филолошкиот факултет е  да придонесе кон развојот и благосостојбата на општеството преку високо образование во кое новите генерации ќе стекнат, применат и надградат знаења и вештини неопходни за да станат еднакви и конкурентни граѓани во новиот глобален свет. Тоа сметаме дека ќе го постигнеме преку поттикнување на дух на интелектуална љубопитност, култура на космополитизам преку учење на светските и регионалните јазици и запознавање со нивните култури, како и промовирање на највисоките научно-истражувачки стандарди. На тој начин, ние ќе продолжиме да бидеме расадник на научници, педагози, преведувачи и интелектуалци кои ќе придонесат за развојот на македонскиот јазик, култура и општество преку нивната работа, творештво и дијалог на еднакво рамниште со светот кој не опкружува.

Вредности

Највисоки академски стандарди и интегритет од наставниот кадар и од студентите;  колегијалност и соработка;  слобода на мислење и изразување;  диверзитет, еднаквост и социјална правда; воспитување на студентите во духот на хуманоста и демократичноста;  образование во текот на целиот живот.