demo_image

Татјана Панова-Игњатовиќ

Вонреден професор
 

Име и презиме Татјана Панова-Игњатовиќ
Титула доктор по филолошки науки
Позиција Вонреден професор
Катедра Преведување и толкување
email panova.ignjatovik@gmail.com

 

Кратка биографија:

 

Татјана Панова-Игњатовиќ е вонреден професор на Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје во 1985 година, на групата за Англиски јазик и книжевност – наставна и преведувачка насока. Магистрирала на Филозофскиот факултет, Загреб, Хрватска, на тема под наслов: „Англо-американската драма на скопската професионална театарска сцена (1915-1989)“. Докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Скопје, на тема под наслов: „Македонија во делата на Мајлс Франклин“. Била на специјализација од областа на симултано и консекутивно толкување во рамките на проектот од Програмата Темпус за воведување на посебни студии за преведување и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје и била на повеќемесечен студиски престој во Брисел, Белгија во 1998 и 1999 година. Во 2007 и 2013 год. била на усовршување при Генералниот директорат (ГД) за толкување при Европската комисија во Брисел, за изведување настава на новооснованите постдипломски студии по конференциско толкување на Филолошкиот факултет во Скопје.

На Катедрата за преведување и толкување ги држи следните предмети: Британска култура и цивилизација и Американска култура и цивилизација, Консекутивно и симултано и толкување од англиски на македонски јазик и обратно, Дипломатска комуникација, Интеркултурна комуникација. На постдипломските студии по Конференциско толкување го води предметот  Конференциско консекутивно толкување од англиски на македонски јазик и обратно со техники на бележење. Освен тоа одржува настава по стручен англиски јазик за специјализанти и на додипломските студии на Медицинскиот факултет, УКИМ, Скопје.

Била на студиски престој во Единбург, Велика Британија (1992), во Брисел, Белгија (1998, 1999, 2007, 2012, 2013), во САД (2002). Учествувала на научни собири во земјата и во странство. Одржала бројни предавања на семинари и летни школи во земјата и во странство, учествувала во научно-истрачувачки проекти, била претседател на Организацискиот одбор на Меѓународната конференцијата на тема: „Јазични и културни проникнувања низ преведувањето и толкувањето“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, (26 -27.9.2012 г.). Била и раководител на Катедрата за преведување и толкување (од 2011 до 2016 год.). Автор е на монографија (Македонија во делата на Мајлс Франклин, Скопје: Панили, 2012), учебници (English for Teacher Students, Skopje: Pedagogical faculty “St. Clement of Ohrid”, 1996; ESP: Grammar Workbook for Medicine Dentistry and Pharmacy Students, Skopje: Embassy of the United States, 2002) и бројни научни статии од областа на културните студии, англо-американска книжевност, преведувањето и толкувањето.

 

 

 

 

 

Селектирана библиографија во последните пет години:

 

Панова-Игњатовиќ, Татјана, Македонија во делата на Мајлс Франклин, Скопје: Панили, 2012, 284 стр. -ISBN 978-608-4633-26-6, (делото е поддржано од Буџетот на Република  Македонија според Годишната програма за остварување на национален интерес во културата во 2012 година).

Panova-Ignjatovic, Tatjana, “Cultural Translation: Culturally oriented translation theory”, in Re-Constructing Meaning: Acquiring Mastery in Translation Studies, ed. By M. Krivokapic-Knezevic, et al., Faculty of Philosophy – Niksic, Faculty of Philology – Skopje, 2013, 17-38.  /ISBN 978-608-234-019-7/

 

Panova-Ignjatovik, Tatjana, “The Macedonian Cultural Identity in the Works of the British Travel Writers (from the beginning of the 20th c. until the end of the First World War)”, in Values Across Cultures and Times, Cambridge: Cambridge Scholars Publishing, 2014, 85-96.

 

Panova-Ignjatovik, Tatjana, “The Macedonian Woman through the Prism of the British Travel Writers”, in The Balkans in Contemporary Travel Writing, Cambridge: Cambridge Scholars Publishing, 2015, 39-55.

 

Panova-Ignjatovik, Tatjana, “Travel Writing and Translation: Dealing with Culture Specific Items”, in Proceedings of the International Scientific Conference on Language and Culture Interactions via Translation and Interpreting, Faculty of Philology “Blazhe Koneski”, “Ss. Cyril and Methodius” University, Skopje, 2015, 335-351.

 

 

 

 

 

 

Други членови