Универзитетски календар на активности и неработни денови во учебната 2017/2018 година

 

Почеток на учебната 2017/2018 година и почеток на наставата:

15 септември 2017 (петок)

Времетраење на наставата во зимскиот семестар:

15 септември – 31 декември 2017 (недела)

Прва испитна сесија:

8 јануари – 29 јануари 2018

Времетраење на наставата во летниот семестар:

1 февруари – 15 мај 2018 (вторник)

Втора испитна сесија:

21 мај – 15 јуни 2018

Трета испитна сесија:

27 август – 27 септември 2018

На единиците каде наставата е со специфичен карактер, единиците можат да утврдат и поинакви рокови за одржување на наставата и за испитните сесии согласно со календарот и планот за реализација на наставата и испитите што ги донесува наставно-научниот, односно советот на единицата согласно со членовите 222 и 248 од Статутот на Универзитетот.

Роковите за пријавување испити, запишување и заверка на зимскиот, односно летниот семестар ги утврдуваат единиците при УКИМ.

Неработни денови за учебната 2017/2018 година

Во 2017 година:

За сите граѓани на РМ

– 11 октомври, Ден на народното востание

– 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба

– 8 декември, „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

– 1 ноември, Празникот на сите светци

– 25 декември, првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 24 септември, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември, Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 23 септември, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември, Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември, Ден на настава на турски јазик

Во 2018 година:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари, Нова Година

– 7 јануари, Божик

– 9 април, Велигден, вториот ден на Велигден

– 1 мај, Ден на Трудот

– 24 мај, “Св. Кирил и Методиј” Ден на сесловенските просветители

– 15 јуни, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

– 2 август, Ден на републиката

– 8 септември, Ден на независноста

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари, Бадник, ден пред Божик

– 19 јануари, Богојавление (Водици)

– 6 април, Велики Петок, петок пред Велигден

– 25 мај, Духовден, петок пред Духовден

– 28 август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

– 2 април, Велигден, вториот ден на Велигден

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 21 август, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари, Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април, Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај, Меѓународен ден на Власите