Sunday, November 19, 2017   
 

 

 

Enter Title  


Клубот на студентите по јужнословенски јазици и книжевности A-302

праќа

 

ПОКАНА

За пријава на

 

II. меѓународна студентска конференција

Jučer, danas, sutra – slavistika

 

Што ќе се одржи од 21 до 23 октомври 2015 на Филозофскиот факултет, Универзитетот во Загреб (Хрватска).

 

 

Конференцијата е замислена како тридневна средба на која младите слависти ќе имаат прилика на колегите да им ги претстават областите од своите интереси. Покрај презентации на трудови со теми од лингвистика, книжевност, историја, уметност и сл., се очекува и тематизирање на положбата на славистиката и на нејзината иднина, расправа за можности за популаризирање на славистиката и за меѓусебната соработка на словенските земји.

 

Може да учествуваат (активно и пасивно) студенти од додипломски и постдипломски студии та докторанди. Трудовите може да бидат од насоки на лингвистика, наука за книжевност, а може и да бидат со интердисциплинарен карактер; важно е само да се работи за славистички теми. Јазиците на конференцијата се сите јужнословенски јазици, а писмото латиница или кирилица. Секој учесник може да пријави најмногу еден авторски и еден коавторски труд. Еден труд може да има најмногу 3 автора. За презентација на секој учесник предвидено е најмногу 15 минути со дополнителни 5 минути за расправа.

 

Рок за праќање пријава (со резиме) е 31 мај 2015 година, а доколку резимето ќе биде прифатено, завршен труд треба да се испрати до 1 октомври 2015 година. Резимето треба да содржи најмалку 250, а најмногу 500 зборови. Исполнети пријави се праќаат на е-меил jdsslavistika2015@gmail.com.

 

Котизација за активни учесници од Хрватска чини 100 ХРК (околу 13 ЕУР), за активни учесници од странство 150 ХРК (околу 20 ЕУР), а за сите пасивни учесници 200 ХРК (околу 26 ЕУР).

 

Сместувањето ќе биде организирано за сите учесници коишто студираат надвор од Загреб. Трошоците на патувањето нема да бидат покриени.

 

За сите дополнителни информации може да се обратите до Организациски одбор на е-меилот jdsslavistika2015@gmail.com или да ја посетите Фејсбук-страницата на Конференцијата, каде што може да ја најдете пријавата и актуалностите поврзани со Конференцијата.

 

Им се радуваме на вашите пријави!

Организациски одбор на II. меѓународна студентска конференција Jučer, danas, sutra – slavistika

ПРИЈАВАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕТЕ ТУКА.