Контакт: postdiplomski@flf.ukim.edu.mk

Во согласност со член 110 од Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-138/3, донесена на 224. седница одржана нa 29.1.2018 година, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-384/4, донесена на 226. седница одржана нa 15.3.2018 година, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-611, донесена на 228. седница одржана нa 22.5.2018 година, Одлуката на Владата на Република Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-4493/1 од 2.5.2018, (Сл. весник бр. 84 од 9.5.2018г.), Одлуката на Владата на РМ за дополнување на Одлуката на Владата на Република Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-5168/1 од 15 мај 2018 година (Службен весник на РМ бр. 93 од 21 мај 2018 г.) и Одлуката на Владата на РМ за изменување на Одлуката за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-7305/1 од 24 јули 2018 година (Службен весник на РМ бр. 142 од 31 јули 2018 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

КОНКУРС
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година (пречистен текст)


СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

Пријавувањето на испитите за есенскиот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 29.8.2018г. до 31.8.2018г. година, со следниве документи:

  • Индекс;
  • Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
  • образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари.

Студентите се должни да ги пријават испитите во iKnow-системот.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Полагањето на испитите во есенскиот испитен рок ќе се реализира во периодот од 05.09.2018г. до 27.09.2018г. година.

Кликнете на документите подолу за да ги преземете во PDF верзија.