ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

за уч. 2019/2020 г.

 

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира подготвителна настава по англиски, германски и француски јазик за претстојната проверка на знаењата и умеењата за упис на студиските програми Германски јазик и книжевност и Преведување и толкување (англиски/француски; англиски/германски; француски/англиски; француски/германски; германски/англиски; германски/француски).

Наставата ќе се изведува од 19 до 23 август 2019 година, односно 5 дена по 4 часа неделно или вкупно 20 часа, за студиската програма Преведување и толкување 10 часа за јазикот Б (првиот јазик) и 10 часа за јазикот В (вториот јазик) и чини 5.000,00 денари (пример).

Пријавувањето се врши со пополнување на пријава за подготвителна 2019/20, која по пополнувањето треба да ја испратите на следната адреса: podgotvitelnanastava@flf.ukim.edu.mk.

Терминот за пријавување е од 5 до 15 август 2019 година.

Напомена: подготвителната настава нема да се организира доколку не се пријават минимум 5 (пет) кандидати.

РАСПОРЕД ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

Распоред за подготвителна настава – Катедра за германски јазик и книжевност

Распоред за подготвителна настава – Катедра за преведување и толкување

 






Архива:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира подготвителна настава по македонски, англиски, германски и француски јазик за претстојната проверка на знаењата и умеењата за упис на студиските програми Македонски јазик, Германски јазик и книжевност и Преведување и толкување (англиски/француски; англиски/германски; француски/англиски; француски/германски; германски/англиски; германски/француски).

Наставата ќе се изведува од 20 до 24 август 2018 година, односно 5 дена по 4 часа неделно или вкупно 20 часа, за студиската програма Преведување толкување 10 часа за јазикот Б (првиот јазик) и 10 часа за јазикот В (вториот јазик) и чини 5.000,00 денари (пример).

Пријавувањето се врши со пополнување на пријава (линк до документот), која по пополнувањето треба да ја испратите на следната адреса: podgotvitelnanastava@flf.ukim.edu.mk.

Терминот за пријавување е од 3 до 14 август 2018 година.

РАСПОРЕД ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

Распоред за подготвителна настава – Катедра за германски јазик и книжевност

Распоред за подготвителна настава – Катедра за преведување и толкување