ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ – СКОПЈЕ УЧЕБНА 2019/2020
– среда, 11 септември 2019 г. –

1. Индекс и студентска легитимација
2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см )
3. Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист – во книжарницата на факултетот)
4. Потврда за уплата на 100/200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето за партиципација. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РСМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ”
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
5. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ , Филолошки факултет „Блаже Конески“, (пример)
– жиро сметка 100000000063095
– депонент: НБРСМ со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18
– приходна шифра 723012,
– програма 41
Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
6. Договор за студирање на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (се подига на факултет на денот на уписот)
7. Потврда за уплата на 700 денари за: Водич низ студиите, електронска евиденција и надомест за штети. (пример)
Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600104235 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41

Документите се поднесуваат во Одделението за студентски прашања на Факултетот.

Кандидатите кои се добитниции на стидендија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ не треба да вршат уплата на партиципација. Листата може да ја преземете на следниот линк.

Напомена: Заради поефикасен упис ве молиме уплатите да ги извршите во локалните банки.

Напомена: Нерангираните кандидати имаат право повторно да се пријават на вториот уписен рок,
а документите можат да ги повлечат на 10. и 11.9.2019 година.

Термините за пријавување на вториот уписен рок се на 12. и 13.9.2019 година (четврток и петок).