Потребни документи за пријавување на нови студенти на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во уч. 2019/2020 г.

 

Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2019/2020 година во првиот уписен рок ќе се врши на 29. и 30.8.2019 година во просториите на Факултетот во термин од 8:30 до 16:00 часот.

Пред поднесување на документите на Факултетот, кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку iKNOWсистемот за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.

Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.

iKNOW системот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

Со користење на iKNOWсистемот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци се додека не кликнат на копчето ПРАТИ, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА

Кандидатите кои конкурираат на студиските програми ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ, ПРЕВЕДУВАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ, за кои се врши проверка на знаења и умеења, имаат право само на еден избор.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

  • Пријава за запишување (образец А1)
  • Оригинални свидетелства од сите класови*
  • Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)*
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија)
  • Доказ за државјанство на Р.С. Македонија (уверение или решение)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ за конкурирање на студиските програми без проверка на знаења и умеења (види пример)
  • Уплатница за уплатени 500 денари на жиро сметка на Филолошки факултет „Блаже Конески“ за конкурирање на студиските програми на кои се врши проверка на знаења и умеења, односно Германски јазик и книжевност и Преведување и толкување (види пример)
  • Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) – IKnow
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во свидетелствата и во дипломите не е наведена националната припадност) (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за неподигање на документите (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за согласност за лични податоци (се печати од електронската пријава)
  • Изјава за согласност за кофинансирање на студииите (се печати од електронската пријава)
  • *Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите претходно да направат нотарски заверени преписи од докумен­тите за свои потреби.

 

  • Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:
  • нотарски заверен образец М1/М2 или
  • лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

  • Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РСМ и членовите на нивните семејства ( припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.

 

  • Соодветна документација за: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца.

 

За останатите категории на кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година.






Архива:

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ НА

 ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Пријавувањето на кандидатите за упис на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во учебната 2018/2019 година во третиот уписен рок ќе се врши на 24. и 25.9.2018 година во просториите на Факултетот во термин од 8:30 до 16:00 часот.

Пред поднесување на документите на Факултетот, кандидатите задолжително треба да се регистрираат и да извршат електронско пријавување преку iKNOWсистемот за идни студенти на УКИМ на www.upisi.ukim.mk.

Упатство за регистрирање и пополнување на електронската пријава.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, при секое најавување во системот, користете го истото корисничко име и лозинка – не отворајте нов профил. Пријавата можете да ја менувате во целост сè додека не кликнете на копчето ПРАТИ.

iKNOW системот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.

Со користење на iKNOWсистемот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци се додека не кликнат на копчето ПРАТИ, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА

Кандидатите кои конкурираат на студиските програми МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ, ПРЕВЕДУВАЊЕ И ТОЛКУВАЊЕ, за кои се врши проверка на знаења и умеења, имаат право само на еден избор.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

  • Кандидатите кои конкурираат за ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ освен горенаведените ги поднесуваат и следните документи:
  • нотарски заверен образец М1/М2 или
  • лекарско уверение од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

  • Кандидатите кои конкурираат за упис, а остваруваат право согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства ( припадникот на безбедносните сили, 2. децата на загинат или починат припадник и 3. децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет) покрај горенаведените документи при пријавувањето поднесуваат и документ од Министерството за одбрана или од Министерството за внатрешни работи. Дополнителното доставување документ за овие кандидати не се зема предвид.

 

  • Соодветна документација за: лица без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди или лица растени во домови за напуштени деца.

 

Кандидатите кои конкурираат согласно со Правилникот за начинот на проверка на основните критериуми и запишување во квоти на студентите чие родителско право го врши само еден родител, како и посебните критериуми за остварување на ова право (линк), односно кандидатите кои имаат само еден родител (поради одземено родителско право на едниот родител или починат родител) ги поднесуваат и документите наведени во член 4 и член 5 од овој Правилник:

За материјалните можности:

  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец јуни од тековната година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата;
  • изјава за вкупниот број на членови на семејството;
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи;
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија и
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат која се смета како месечен приход.

 

За посебните критериуми:

  • уверение за државјанство на Република Македонија;
  • извод од матичната книга на родените за кандидатот;
  • за родител на кој му е одземено родителското право-решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.

За останатите категории на кандидати се применуваат одредбите од Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година.