З.У. Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методј“ – Скопје им соопштува на редовните и вонредните студенти од ПРВА ГОДИНА на Филолошки факултет „Блаже Конески“ да се јават на задолжителниот систематски преглед.

Систематските прегледи ќе се вршат во ЗУ Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методј“ – Скопје, која е сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 58 (Иво Лола Рибар) од 15.11-30.11.2019 г. во периодот од 07:30 до 12:00 ч.

Систематскиот преглед опфаќа: лабораторија, општ мед. преглед и стоматолошки преглед. (лабораторија од 07:30-10:00 ч.)

Потребни документи: 1. Индекс; 2. Заверена здравствена легитимација; 3. Копија од здрав. легитимација од 2-ра до 5-та страница.

НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА согласно Одлуката на Советот на Универзитетот бр. 28/3 ниту на еден студент нема да му биде заверен зимскиот семестар додека З.У. Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методј“ – Скопје не потврди во индексот дека студентот е систематски прегледан во 2019/20 г.

Прилог: Официјално соопштение за систематски преглед од З.У. Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методј“ – Скопје