Уверение за познавање јазик

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје врши проверка на знаењето на македонскиот, албанскиот, турскиот, англискиот, германскиот, италијанскиот, францускиот, словенечкиот, хрватскиот, шпанскиот и на други јазици.

Постојат два вида на проверка на знаењето:

1. Проверката на знаењето за уверение за познавање на македонскиот јазик (без наведено рамниште) и за уверение за познавање странски јазик (без наведено рамниште) се изведува преку устен испит.
Износот за изведување на оваа проверка е 1.600 денари. Пример на уплатница ТУКА.

2. Проверката на знаењето за уверение за одредување на нивото на познавање на странскиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците на Советот на Европа ЗЕРРЈ се изведува преку писмен и устен испит.
Износот за изведување на оваа проверка е 2.200 денари. Пример на уплатница ТУКА.

Покрај износот за проверката на знаењето, кандидатите треба да достават потврда за уплата и на 50 денари административна такса. Пример на уплатница ТУКА.

Уплатата треба да ја извршите пред да се пријавите на наведениот линк, бидејќи уплатниците треба да ги прикачите на линкот. Оригинал уплатниците треба да ги доставите на професорот на денот на полагањето.

Пријавување: Заинтересираните кандидати бираат кој од понудените термини за испитување им одговара најмногу и се пријавуваат електронски најдоцна до рокот предвиден за пријавување за тој термин (пријавите пристигнати по овој рок за пријавување ќе важат за следниот термин за испитување, в. табела долу).

Пријавувањето се врши со пополнување на пријавата на следниот линк: https://forms.gle/Ber2WXwaRJsVTMTAA

На денот на полагањето кандидатите задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Уверението за извршената проверка се издава во рок од два работни дена по испитувањето, а се подига во Архивата на Факултетот од 14 до 15 часот.

Кандидатите кои не го положиле тестот или не го освоиле нивото кое им е потребно за учество на конкурс и слично, можат повторно да го полагаат тестот по изминати 4 месеци.

Рок за пријавување: Термини за испитување:

ДЕКЕМВРИ

10 12 и 13
16 18 и 20
19 23
25 27

ЈАНУАРИ

15 17
22 24
29 31

ФЕВРУАРИ

5 7
12 14
19 21
26 28

МАРТ

27 февруари 2
4 6
11 13
18 20
25 27