Гостување на д-р Анте Топчиќ во рамките на програмата Еразмус+

Почитувани,

Ве известуваме дека д-р Анте Топчиќ од Универзитетот во Задар, Р. Хрватска, ќе гостува на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици во рамките на размената на наставници преку Еразмус+ програмата и ќе одржи неколку предавања за студентите. Потесна специјалност на предавачот се старословенскиот јазик и глаголската епиграфика.

Предавањата ќе се одржат во:

  • Среда 22 мај од 12:00 до 13.00 часот во П1; тема „Значењето на глаголицата во хрватската културна средина“
  • Четврток 23 мај од 10.до 10.45 часот во П3; тема „Хипотезата на Самбуњак за потеклото на глаголицата (анализа, особености и значење)“
  • Четврток 23 мај од 11.до 11.45 часот во П3Ч; тема: „Хрватската глаголска епиграфика (од даровници до надгробни плочи)“;

Предавањата ќе се одржат на хрватски јазик. Ги покануваме сите заинтересирани да ги проследат предавањата.

Почеток

12:00 AM

мај 21, 2019

Крај

12:00 AM

мај 23, 2019

Учесници на настанот