Зборот збор отвара

ЗБОРОТ ЗБОР ОТВОРА – ПРОГРАМА

Скопје, 29-30 октомври 2016 година

Проектот „Паралелни фразеолошки корпуси“ е посветен на создавање паралелни дигитални корпуси на фраземи од македонскиот, рускиот, чешкиот, полскиот, францускиот и од други јазици кои ќе бидат искористени за правење електронски фразеолошки речник.

Целта на проектот е создавање корисна алатка која во голема мера го олеснува процесот на наоѓање еквивалент во другиот јазик и која може да се употреби при учење на јазикот, при преведување, при компаративни, лексиколошки и лексикографски истражувања, при составување на двојазични речници, како извор на наставен материјал итн.

Во врска со ова, со особено задоволство би сакале да Ве поканиме да учествувате на меѓународната научна конференција Зборот збор отвора со Ваш труд поврзан со:

  современата технологија и проучувањето на фразеологијата;  и

–   преводот на фраземите како вечен предизвик.

Излагањата на конференцијата ќе траат до 15 минути, а дискусиите 5 минути.

Вашата пријава со кратко резиме и клучни зборови ја очекуваме најдоцна до 10.09.2016 година на електронската адреса frazeo.mkd@flf.ukim.edu.mk.

Статиите ќе бидат објавени во посебен зборник.

Трошоците за превоз и сместување се на товар на учесниците на Конференцијата.

Почеток

12:00 AM

октомври 29, 2016

Крај

12:00 AM

октомври 30, 2016

Учесници на настанот