Конкурс за наградата „Блаже Конески“, есеј на тема (една тема, по избор)

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
КОНКУРС
за наградата „Блаже Конески“,
есеј на тема (една тема, по избор)

1. Јазикот во триста лакти платно – Конески за македонскиот XXI век

2. Еден ден во Небрегово (Разговор по многу години)

3. „Заминувањето“ и „враќањето“ дома: (според стиховите на Блаже Конески: „Се поврати човек во родниот град/по многу време и мака./Што оставил еднаш тој не најде пак,/тој не најде ништо/да мрази и сака“)

4. Останавме јас и песната сами: „Трактат за зачетокот на песната“ (Конески)

5. Јазикот најдобро се кове во ковачницата на преведувањето

На Конкурсот имаат право да учествуваат сите студенти на Филолошкиот факултет запишани на прв циклус студии.
Трудовите треба да бидат во форма на есеј, отпечатен до 10 (десет) компјутерски страници, со големина на буквите 12 и проред 1,5 (28-30 реда на страница).
Трудовите треба да се достават во 4 (четири) идентични примероци целосно анонимни, под шифра, од кои 3 (три) во затворен плик треба да се предадат во Архивата на Факултетот, а авторството се докажува со четвртиот примерок.
Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик со кирилично писмо.

КОНКУРСОТ ТРАЕ ДО 6 ДЕКЕМВРИ 2019 г.

Жирито ќе ги додели следните награди:
– Прва награда во износ од 12.000 денари
– Втора награда во износ од 8.000 денари
– Трета награда во износ од 6.000 денари

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 16 декември 2019 година, на огласната табла и на веб-страницата на Факултетот.

ОД КОНКУРСНАТА КОМИСИЈА

Почеток

12:00 AM

ноември 8, 2019

Крај

11:00 PM

декември 6, 2019

Учесници на настанот