„ОТВОРЕН ДЕН 2019“

На 22. VIII 2019 год. (четврток), на градскиот плоштад „Македонија“, во времетраење од 18 до 22 часот ќе се одржи манифестацијата Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.

За таа цел, на плоштадот ќе бидат поставени две бини и 27 куќички. Настанот ќе биде збогатен со богата уметничка програма:

–  18:00 часот – програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот

–  19:00 часот – дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста

–  20:00 часот – настап на фолклорните групи.

Во текот на целиот настан ќе биде овозможено on-line регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување  во I-know системот.

Врска до настанот: http://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=311

 

 

 

 

Почеток

11:00 AM

август 19, 2019

Крај

10:00 PM

август 22, 2019

Адреса

Плоштад „Македонија“

Учесници на настанот