Проекција на документарниот филм „Граѓанинот Европа“

Почитувани,
МакеДокс и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје со радост ја продолжуваат соработката со мајска проекција на документарниот филм „Граѓанинот Европа“ со поддршка од европската документарна мрежа- Moving Docs и Goethe-Institut Skopje.

Содржина:
„Документарниот филм „Граѓанин Европа“ раскажува пет приказни на учесници во Еразмус програмата кои работат, учат и волонтираат низ Европа. Младите протагонисти за прв пат ги напуштаат своите домови за да си докажат дека можат да преживеат во непозната средина. Млади од Франција, Германија, Полска, Бугарија и Етиопија патуваат за Литванија, Финска, Грција и Ирска и мораат да се адаптираат на различни култури и менталитет.“

Подетални информации има на Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/1327837634048928/?active_tab=about

Проекцијата ќе се оддржи на 21 мај 2019 година во 14 часот на Филолошки факултет во Амфитеатар 3.
По проекцијата ќе се оддржи отворена панел дискусија со студентите, претставник на Националната Агенција за европски образовни програми и преставник на делегацијата на Европската Унија.
Панел дискусијата ќе ја модерира г-а Тања Кригер, директорката на Гете-институтот во Скопје.
Влезот е слободен и настанот е отворен за сите поранешни и идни корисници на Еразмус програмата од сите возрасти.

Почеток

12:00 AM

мај 13, 2019

Крај

2:00 PM

мај 21, 2019

Учесници на настанот