СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ за завршени студии од прв и втор циклус

Почитувани,
Ве известуваме дека на 21 јуни 2019 г. во 12:00 ч. во Големиот амфитеатар на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на магистрантите кои се стекнале со академски степен магистер и на студентите кои дипломирале на прв циклус (додипломски) студии на Факултетот.
По тој повод Ве покануваме да присуствувате на свеченоста, која ќе се одвива по следниот протокол:
– Ве молиме да дојдете еден час порано (во 11.00 ч.) за да добиете свечени одори. При подигањето на одората потребно е да приложите документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
– Вашето присуство е задолжително за целото времетраење на свеченоста;
– Веднаш по врачувањето на дипломата се потпишувате во главната книга на дипломирани студенти на самото место;
– На свеченоста во амфитеатарот може да Ве придружуваат најмногу двајца возрасни.
Напоменуваме дека сите трошоци по повод тој ден (патни и други трошоци) се Ваша обврска.

Со особена почит,
Д Е К А Н
на Филолошкиот факултет
проф. д-р Анета Дучевска

Список за промоција на 21 јуни 2019 г.

Почеток

12:00 AM

јуни 7, 2019

Крај

12:00 AM

јуни 21, 2019

Учесници на настанот