Советување на тема: „Улогата на литературните списанија за деца во усвојувањето и негувањето на македонскиот јазик и македонската литература за деца“

Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

и издавачка куќа „Просветно дело“

П О К А Н А

Почитувани, имаме чест и задоволство да ве поканиме на еднодневно советување на тема:

„Улогата на литературните списанија за деца во усвојувањето и негувањето на македонскиот јазик и македонската литература за деца“

Советувањето ќе се одржи на 14.3.2019 (четврток) во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје

– 10.00 часот (претпладневна сесија) и

– 13.30 часот (попладневна сесија)

(слушателите имаат можност да одберат еден од посочените термини)

Предавачи:

проф. д-р Гордана Алексова

проф. д-р Јасна Котеска

проф. д- р Весна Мојсова-Чепишевска

проф. д-р Славица Велева

Советувањето е наменето за: директорите, педагозите, библиотекарите, членовите на стручната служба (стручните работници и соработници), наставниците во одделенска настава, наставниците по македонски јазик и литература и класните раководители во основните училишта.

Вашето присуство потврдете го на следнава е-пошта:

jovica.detskaradost@yahoo.com

и кај одговорниот дистрибутер за вашето училиште заради издавање сертификати и планирање репрезентативни материјали.

Почеток

12:00 AM

март 11, 2019

Крај

12:00 AM

март 14, 2019

Учесници на настанот