Студентска програма INNO-SAE 2019

Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ ќе спроведе студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) за поддршка на иновациите кај студентите на УКИМ. Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини. Напоменувам дека програмата е замислена да биде отворена за сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.

Повеќе детали за програмата може да се најдат на:

http://feit.ukim.edu.mk/nastani/inofieit-objavuva-proghrama-za-poddrshka-na-inovativni-studientski-idiei-inno-sae-2019
http://inno.feit.ukim.edu.mk/?page_id=385

Сите заинтересирани ги каниме на отворените денови на програмата INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите, очекувањата и самиот тек на натпреварот.

Со почит,
Проф. д-р Димитар Ташковски
Декан на ФЕИТ

Почеток

12:00 AM

март 25, 2019

Крај

5:00 PM

април 16, 2019

Учесници на настанот