Трет циклус – докторски студии: испитна сесија

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на трет циклус-докторски студии

1. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите на трет циклус на студии ќе се реализира во периодoт од 9.1.2019 до 11.1.2019 година со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
– Уплата на преостанат дел од ратата за семестарот.

2. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

Зимскиот испитен рок е од 14.1.2019 до 29.1.2019 година.

3. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2018/19 ГОДИНА

Запишувањето на летниот семестар ќе се реализира во периодот од 4.2.2019 до 9.2.2019 година, со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
– Уплата на рата за запишување на семестарот согласно склучениот договор, на сметката на Филолошкиот факултет на општа уплатница ПП 50 со следниве податоци:
Назив на примачот: Буџет на РМ-Филолошки факултет ,,Блаже Конески”-Скопје
Сметка: 100000000063095
Износ: ххх денари
Сметка на буџетски корисник-единка корисник: 1600104235 788 10
Приходна шифра и програма: 723019 41

Почеток

12:00 AM

декември 21, 2018

Крај

12:00 AM

јануари 11, 2019

Адреса

бул. Гоце Делчев 9а, Скопје, Македонија

Учесници на настанот