Уметноста на пиење чај – јапонски чаен обред

Јапонската церемонија на пиење чај e традиционален начин на подготвување и служење зелен чај во прав – мача.

Оваа церемонија се темели на идејата да се биде благодарен на животот и да се живее во хармонија со себе и со другите. Основните начела на јапонската филозофија на пиење чај се хармонија, почитување, чистота, смиреност, едноставност и убавина.

Чајната церемонија е уметност, обред кој поттикнува естетско, интелектуално и физичко уживање, хармонија и смиреност на духот.

Ве покануваме на една ваква церемонија на пиење чај, која ќе ја приреди проф. Тошио Хајаши (специјалист по јапонски јазик од Јапонската фондација) заедно со проф. Јукари Ота (лекторка по јапонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје).

Церемонијата ќе се одржи на 11 мај (сабота) од 13:00 до 15:00 ч. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во А1 (Амфитеатар 1).

Покрај чајот ќе имате можност да пробате и јапонски колачиња.

Почеток

12:00 AM

април 17, 2019

Крај

1:00 PM

мај 11, 2019

Учесници на настанот