Контакт: postdiplomski@flf.ukim.edu.mk


ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ – постдипломски студии – прв уписен рок во уч. 2019/2020 г.

КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2019/2020 г.

www.upisi.ukim.mk

 

Слободни места на втор циклус студии во прв уписен рок во уч. 2019/2020 г.

Студиски програми број на студенти траење во семестри цена на студирање (во евра)
  280 2 1500
Македонски јазик 30    
Македонска книжевност 10    
Научна област: наука за јазик на јазичните групи 105    
– англиски јазик 15
– германски јазик 10
– романистика (италијански и француски јазик) 40
– славистика 10
– турски јазик 15
– албански јазик 15
Научна област: наука за книжевност и културолошки студии 135    
– англиска книжевност и културолошки студии 15
– германска книжевност и културолошки студии 10
– романистика (француска и италијанска книжевност) и културолошки студии 20
– славистика и културолошки студии 10
– општа и компаративна книжевност и културолошки студии 50
– албанска книжевност и културолошки студии 15
– турска книжевност и културолошки студии 15

 

Рокови за пријавување и запишување:

Прв рок Втор рок*
Пријавување на кандидатите 10 септември – 25 октомври 2019 8 јануари – 2 март 2020
Запишување на кандидатите 28-30 октомври 2019 3 – 5 март 2020

*Втор уписен рок ќе се спроведе на единиците, односно на студиските програми за кои не се пополнети конкурсните квоти и на кои постојат услови за отпочнување и изведување на наставата во летниот семестар.

По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на единиците, односно студиските програми, Универзитетот, на својата интернет страница, ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2019/2020 година.

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЕСЕНСКИОТ ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испитите за есенскиот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 26.8.2019 г. до 27.8.2019 г. година, со следниве документи:
– Индекс;
– Пријава за испит;
Студентите се должни претходно да ги имаат пријавено испитите во нивниот I-know профил.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКИОТ ИСПИТЕН РОК
Полагањето на испити во летниот испитен рок ќе се реализира во периодот од 1.9.2019 г. до 27.9.2019 г.



Архива на претходни соопштенија:

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испитите за летниот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 3.6.2019 г. до 6.6.2019 г. година, со следниве документи:
– Индекс;
– Пријава за испит;
– Oбразец за заверка на летниот семестар.
Студентите се должни претходно да ги имаат пријавено испитите во нивниот iKnow профил.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК
Полагањето на испити во летниот испитен рок ќе се реализира во периодот од 10.6.2019 г. до 20.6.2019 г. година.


Во согласност со член 110 од Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-138/3, донесена на 224. седница одржана нa 29.1.2018 година, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-384/4, донесена на 226. седница одржана нa 15.3.2018 година, Одлуката на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр. 02-611, донесена на 228. седница одржана нa 22.5.2018 година, Одлуката на Владата на Република Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-4493/1 од 2.5.2018, (Сл. весник бр. 84 од 9.5.2018г.), Одлуката на Владата на РМ за дополнување на Одлуката на Владата на Република Македонија за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-5168/1 од 15 мај 2018 година (Службен весник на РМ бр. 93 од 21 мај 2018 г.) и Одлуката на Владата на РМ за изменување на Одлуката за давање согласност на конкурсите за запишување на студии од втор циклус на јавните високообразовни установи бр. 44-7305/1 од 24 јули 2018 година (Службен весник на РМ бр. 142 од 31 јули 2018 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје објавува

КОНКУРС
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година (пречистен текст)


СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 9.1.2019 г. до 11.1.2019 г. година, со следниве документи:
– Индекс;
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
– образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари.
Студентите се должни претходно да ги имаат пријавено испитите во нивниот I-know профил

II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Полагањето на испити во зимскиот испитен рок ќе се реализира во периодот од 15.1.2019 г. до 29.1.2019 г.

III. УПИС НА ЛЕТНИОТ И ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИOT СЕМЕСТАР

По завршувањето на испитната сесија уписот ќе се реализира од 11.2.2019 г. до 14.2.2019 г. со следниве документи:
– Индекс;
– образец за упис на семестар со уплатница за рата и уплатница од 50,00 денари за административна такса
– образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса.


СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

I. ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА ЕСЕНСКИ ИСПИТЕН РОК И ЗАВЕРКА НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

Пријавувањето на испитите за есенскиот испитен рок за студентите на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 29.8.2018г. до 31.8.2018г. година, со следниве документи:

  • Индекс;
  • Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
  • образец за заверка на семестар со уплатница од 50,00 денари.

Студентите се должни да ги пријават испитите во iKnow-системот.

II. ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКИОТ ИСПИТЕН РОК

Полагањето на испитите во есенскиот испитен рок ќе се реализира во периодот од 05.09.2018г. до 27.09.2018г. година.